недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Британскиот премиер Борис Џонсон позитивен на коронавирус

Британскиот премиер Борис Џонсон позитивен на коронавирус

Премиерот Борис Џонсон е позитивен на тестот за коронавирус, соопшти Даунинг стрит.

Тој има лесни симптоми и ќе биде изолиран во неговата резиденција.

-Тој беше тестиран за коронавирус по личен совет на главниот медицински офицер на Англија, професорот Крис Вити, се вели во соопштението.

Британскиот премиер ќе биде изолиран, но сепак ќе продолжи со обврските како одговорен за справувањето со кризата со новиот вирус од страна на владата, се додава во соопштението.