среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Серија од пред две години со застрашувачко предупредување за смртоносниот коронавирус

Серија од пред две години со застрашувачко предупредување за смртоносниот коронавирус

Корејската серија „Мојот таен Териус“, објавена во 2018 година, која говори за смртоносниот коронавирус, деновиве стана една од петте најгледани во Велика Британија.

Во оваа шпионска драма, еден од ликовите е предупреден за коронавирус, сличен на грип, чиј период на инкубација е 14 дена. Овој вирус во серијата ги напаѓа белите дробови и за него не постои вакцина. Вирусот го развиле терористи и е дел од биолошка војна.

Сцената што го привлече вниманието е при крајот на десеттата епизода, а се споменува мутант на коронавирусот, кој може да убие 90 отсто од заразените.

Докторката во оваа серија го споредува вирусот со претходните епидемии на вирусите МЕРС и САРС, кои му припаѓаат на истото семејство. Оние што ја гледале серијата пишуваат на социјалните мрежи дека е застрашувачки предвидлива. Други, пак, велат дека се работи за случајно совпаѓање.

За разлика од измислениот коронавирус во „Мојот таен Териус“, стручњаците сметаат дека тој предизвикува смрт само во 2 отсто случаи. Она што го забележале гледачите е и податокот дека при крајот на секоја епизода ги учат децата како внимателно да ги мијат рацете.Серијата е снимена во Јужна Кореја и во Полска.

Извор: Нова Македонија