петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Борусија Дортмунд ја зголемува платата на Санчо за да го задржи

Борусија Дортмунд ја зголемува платата на Санчо за да го задржи

Раководството на Борусија Дортмунд ќе го награди крилото Џејден Санчо со нов договор со значително поголема плата ако реши да остане во клубот следната сезона, пренесува „Билд“. 20-годишниот англиски репрезентативец е прогласен за еден од најперспективните офанзивни играчи во светот и според медиумите е посакуван од голем број европски гиганти, а најчесто е поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед.

Сепак, Дортмунд се надева дека ќе ја задржат својата sвезда, откако се подготвени да ја зголемат неговата плата од 6 милиони евра годишно на 10 милиони евра. Така, Санчо, кој има импресивни 17 голови и 19 асистенции на 35 одиграни натпревари за Борусија Дортмунд оваа сезона, ќе стане вториот најскап играч на клубот по капитенот Марко Ројс, кој добива 11 милиони евра годишно.

Раководството на Борусија честопати ја користи оваа тактика за да ги задржи своите најдобри играчи, успевајќи во изминатите години да го продолжи престојот на Роберт Левандовски и Пјер-Емерик Обамејанг на „Сигнал Идуна парк“ за една година, со што ќе се зголеми нивниот надомест. Ако Санчо се уште е решен да го напушти Дортмунд, тогаш клубот нема да го ослободи за помалку од 100 милиони евра, додава „Билд“. Ова е сума што многу клубови во светот не можат да си ја дозволат, што го прави фаворит за неговиот потпис Манчестер јунајтед, особено со оглед на блиското пријателство на Санчо со напаѓачот на „црвените ѓаволи“ Маркус Рашфорд.