Германскиот виролог Александар Кекуле изрази загриженост поради брзината и обемот на олеснување на мерките воведени против коронавирусот и предвидува „вирусна бура“ на есен.
Кекуле за ЗДФ изјави дека следењето на синџирот на инфекцијата сè уште не е на посакуваното ниво и оти ризичните групи не се доволно заштитени.
Договореното олеснување на мерките го намалува нивото на безбедност, предупреди директорот на Институтот за медицинска микробиологија на Универзитетската клиника Хале.
Според него, важно е да се развие одржлив концепт за заштита, наместо политика на „попуштање-затегнување“.