петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Дете прегазено во Батинци, возачот избегал

Дете прегазено во Батинци, возачот избегал

На 14.05.2020 во 18.45 часот било пријавено дека во с.Батинци, скопско, патничко возило „опел вектра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(32) од Скопје, удрило во седумгодишен пешак од Скопје и го напуштило местото на незгодата.

-Пешакот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.