Уште еден резултат од истражување оди во прилог на редовниот појадок.
Имено, студијата во која биле анкетирани 4000 американски деца од преучилишна возраст, покажа дека децата кои немаат редовен утрински оброк имаат 4 пати повеќе кариес од своите врсници кои редовно јадат наутро!
Исто така, истата студија покажа дека децата кои јадат помалку од пет плодови зеленчук и овошје дневно имаат 3 пати повеќе кариес. Значи, како што и претпоставувате, не е сеедно ниту што јадете. Исти принцип, сметаат лидерите на истражувањето, важат и за возрасните.