сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак удрен од автомобил, возачот избегал со возилото

Пешак удрен од автомобил, возачот избегал со возилото

На бул.„Кузман Јосифоски-Питу“ во Скопје вчера попладне непознато патничко возило удрило во пешакот Ц.Б.(80) од Скопје, по што го напуштило местото на настанот.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде била пренесена за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.