четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетен велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Малолетен велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје
илустрација

На 04.06.2020 во 16.30 часот на крстосницата од ул.„Никола Тесла“ и ул.„Руѓер Бошковиќ“ во Скопје, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ѓ.(28) од Скопје, удрило во велосипед управуван 17-годишен малолетник од Скопје, информираат од МВР.

По незгодата велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.