сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола го назначува менторот за свој асистент во Сити

Гвардиола го назначува менторот за свој асистент во Сити

Пеп Гвардиола наскоро ќе го назначи својот поранешен ментор Хуанма Лио за свој нов помошник тренер во Манчестер Сити, пренесуваат шпанските медиуми.

Граѓаните не го заменија Микел Артета, кој си замина за да стане менаџер на Арсенал минатиот декември, но според „Марка“ и „АС“, тој веројатно ќе го назначи Лио, кој неодамна го напушти кинески Киндао. Лио (54) тренира веќе 35 години, работејќи како асистент на Хорхе Сампаоли со Севиља и репрезентацијата на Чиле.

Тој немаше голем успех во голем број клубови каде што бил тренер, вклучувајќи ги и Реал Сосиедад, Алмерија и Атлетико Насионал, а во 2005 година го привлече Гвардиола во мексиканскиот Дорадос Синалоа.

– Гвардиола е како син за мене. Тој ми рече дека му се допаѓа начинот на кој играл мојот тим и сакаше да ја задржиме врската. Она што започна како професионална врска, еволуираше во нешто повеќе, рече Лио во интервју за ФИФА во 2012 година, објаснувајќи дека поранешниот играч од средниот ред на Барселона отишол да го види, откако предводениот од Лио, Овиедо загуби од Каталонците со 2:4.