сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер сити е лидер во Премиер лигата во трошоците за трансфери последните пет години

Манчестер сити е лидер во Премиер лигата во трошоците за трансфери последните пет години

Новинарот на „Sunday World“, Кевин Палмер ги рангираше клубовите во Премиер лигата во однос на нето трошоците за трансфери во последните пет години користејќи податоци од „Transfermarkt.co.uk“.

На оваа листа води Манчестер сити со 601,98 милиони фунти потрошени за засилувања во последните пет години.

Втор е Манчестер јунајтед со 484,88 милиони, а третиот – Арсенал со 267,88 милиони.

На првите 5 се најдоа и Евертон (225,42 милиони) и Брајтон (214,86 милиони).

Ливерпул, кој е лидер во тековната сезона, се наоѓа само на 14-та позиција (107,58 милиони) – меѓу Челси (115,57 милиони) и Тотенхем (106,62 милиони).