петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Дете возело автомобил на патот Прилеп-Македонски Брод, со тешки повреди пренесено во болница

Дете возело автомобил на патот Прилеп-Македонски Брод, со тешки повреди пренесено во болница

На регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, 16 годишник од с.Дебреште, управувајќи патничко моторно возило „Опел Зафира“ без регистарски ознаки излетал надвор од коловозот.

Несреќата се случила вчера во 23 часот.

-Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.