Луксембург, земја со околу 600 илјади жители, планира да го тестира целото население за коронавирусот, со цел да спречи втор бран на зараза.
Во овој поглед, жителите и вработените се поделени во мали групи, чии членови редовно наизменично се тестираат.
– Кога ќе се појави нова инфекција, тогаш ќе знаеме точно каде се случило и можеме да го прекинеме ланецот, изјави за агенцијата ДПА директорот на здравствената установа во Луксембург, Улф Нербас.
Во моментов, дневно може да се спроведат до 20.000 тестови во 17 станици за тестирање.