На 19.06.2020 во 21,09 часот на пат Битола-Драгош, кај месноста викана “Гулејца“ пред село Крстоар, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Пежо 407“ со шведски национални ознаки управувано од Р.Т.(43) од с.Бистрица битолско, и патничко моторно возило “Фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од Р.И.(30) од с. Сопот, кавадаречко, информира МВР.
По незгодата учесниците се пренесени во Општата болница Битола каде што на Р.Т. му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.