Кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин го сподели своето мислење за кошаркарот на Лејкерс, Леброн Џејмс.
Леброн ја организираше акцијата „Повеќе од глас“, чии активности се насочени кон активирање на црните гласачи во Соединетите држави во пресрет на претседателските избори во земјата. Во акцијата учествуваат познати спортисти и уметници со афроамериканско потекло.
– Како спортист, сакам да играм против Леброн, затоа што сакам да излезам на теренот против најдобрите. Исто така, јас навистина го почитувам она што тој го прави надвор од спортски арени. Се надевам дека Леброн еден ден ќе се кандидира за претседател, изјави Грин, во емисија на „ЕСПН“. (МИА)