сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Прегазено 5 годишно девојче во Банско

Прегазено 5 годишно девојче во Банско

На 29.06.2020 во 20.30 часот било пријавено дека во с.Банско, струмичко, моторцикл „хусун“, без регистарски ознаки, управуван од Ш.И.(29) од с.Банско удрил во девојче пешак на возраст од пет години од с.Банско, информираат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило девојчето, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, каде било пренесено за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.