четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уште една трагедија во Македонија: Татко го пронашол својот син мртов на поткровје на фабрика

Уште една трагедија во Македонија: Татко го пронашол својот син мртов на поткровје на фабрика

Во текот на вчерашниот ден во 08:25 во Полициската станица Радовиш, Д.Р. (73) од Радовиш пријавил дека на поткровјето на фабрика на ул. „Св.Спасо Радовишки“ го пронашол безживотното тело на неговиот син Д.Ц. (48).

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Радовиш, при што било констатирано дека смртта настапила како последица од труење со инсектицид.

Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.