Автомобил „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Л.(20) од Тетово, излетало од коловозот и удрило во бетонски ѕид.
Несреќата, информира полицијата, се случила вчера попладне во Тетово, пред Арабати Баба Теќе.
Во незгодата, Б.Л. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.