четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Велосипедист од Куманово тешко повреден во сообраќајка

Велосипедист од Куманово тешко повреден во сообраќајка
илустрација

На 19.07.2020 околу 15.20 часот на крстосница од ул.„Доне Божинов“ и ул.„Братство – Единство“ во Куманово, патничко возило „лада нива“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(49) од Куманово, удрило во велосипед, управуван од В.Х.(56) од Куманово.

-По незгодата, В.Х. бил пренесен во Клиничка болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.