среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава за жител на Дебар за непочитување на решението за самозолација

Кривична пријава за жител на Дебар за непочитување на решението за самозолација

Дебранец заработи кривична пријава поради непочитување на решението за самозолација.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, Одделението за внатрешни работи поднесе кривична пријава против А.М.(19) од Дебар,изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според него, дебранецот на 19-ти овој месец во 2:30 часот бил затекнат пред угостителски објект лоциран на улицата „8 Септември“ во Дебар и покрај тоа што имал решение за самоизолација.

-Откако полициските службеници го затекнале на главната улца во градот, го привеле бидејќи не го почитувал решението од Центарот за јавно здравје со кое му се одредува мерка здраствен надзор и самоизолација во домашни услови во времетраење од 14 дена, посочи Димоски.

Во Дебар има 112 заразени со коронавирус, а во самоизолација се четриесеттина лица. (МИА)