среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најголем дневен пораст на новозаразени со коронавирусот во Кина од март

Најголем дневен пораст на новозаразени со коронавирусот во Кина од март

Во последните 24 часа во Кина се потврдени 57 нови случаи на коронавирусот, што е најголемото дневно зголемување откако епидемијата беше ставена под контрола, соопшти денеска Националната комисија за здравство.

Повеќето од новозаразените, 41, се од регионот Ксинџијанг на западниот дел на земјата, населен со Ујгури, каде коронавирусот повторно се појави на 15 јуни, после речиси пет месеци без ниту еден случај.

Останатите случаи се регистрирани во североисточниот дел на земјата.

Во Кина во изминатиот ден се регистрирани четири увезени и 44 асимптоматски случаи, кои не се вклучени во официјалната статистика.

Во земјата досега вкупно се регистрирани 83.981 случаи на коронавирус, а починале 4.634 лица. (МИА)