Црна Гора е во шок откако деновове се појави видео на кое се гледа кит во водите на Јадранското Море.
На Фејсбук страницата на Институтот за биологија во Котор е објавена видео снимка на која е забележана навистина необична глетка, односно забележан е кит во близина на Понте Весло.
Снимката ја направил екипажот на бродот “Монтефиш” и истата ја доставил на институтот.