На наплатна рампа „Миладиновци“ вчера во 6:44 часот се случила сообраќајна незгода во која повреден е полицаец.
Во несреќата учествувале товарано возило „фолксваген транспортер“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(29) од Пробиштип, товарно возило „фолксваген транспортер“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник и патничко возило „опел“, со штипски регистарски ознаки кои припаѓале на патничко возило „лада“, управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштило местото.
-Во незгодата, со повреди се здобил полицискиот службеник и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, велат од МВР.
Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Скопје.