четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во карантин 14 грчки полицајци по апсење на лице заразено со коронавирусот

Во карантин 14 грчки полицајци по апсење на лице заразено со коронавирусот

Во карантин се 14 грчки полицајци кои биле во контакт со лице кое вчера било уапсено, а денеска било потврдено дека е заразено со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, станува збор за државјанин на Сомалија, кој вчера бил уапсен за учество во тепачка и одведен во полициска станица во атинска населба, а утрово поради покачена температура, со брза помош бил пренесен во болница, каде што бил тестиран и потврдено дека е заразен.

По позитивниот тест, сите полицајци, како од конкретната полициска станица, така и оние кои учествувале во апсењето, но и оние кои го пренеле до возилото на брза помош, сега се во карантин.