петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

4.586 нови случаи за 24 часа: Голем раст на заразени од коронавирусот во Франција

4.586 нови случаи за 24 часа: Голем раст на заразени од коронавирусот во Франција

Во Франција и натаму има тренд на раст на позитивната стапка на тестови за откривање на коронавирусот, но во изминатите 24 часа се откриени 4.586 нови случаи, се вели во дневното соопштение на Генералниот директорат за здравство. Претходниот ден беа откриени 4.771 случаи или за една недела вкупно 20.482 случаи, јави дописникот на МИА.

Во изминатите 24 часа во Франција починале 23 лица од Ковид-19, со што вкупниот број на жртви изнесува 30.503 лица.

На територијата на Франција се уште се активни 430 кластери, од кои 44 се нови, појавени во последните 24 часа. Меѓу 12 и 18 август се извршени 700. 051 тестови, а позитивни се покажале 3,4 отсто, бројка што нагло се зголеми за неколку дена. (МИА)