На 25.08.2020 во 18.10 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, кај клучка за с.Башино село, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(50) од Скопје, удрило во ограда, информираат од МВР.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Велес.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.