Босанскиот репрезентативец Един Џеко кариерата ќе ја продолжи во најтрофејниот италијански клуб Јувентус.
Како што пренесува „Кориере дело спорт“, трансферот е договорен, а останува само уште официјалната промоција.
Одлуката да ја прифати понудата од Јувентус и да се пресели во Торино напаѓачот ја донел по разговорот со семејството.
Јувентус за минимална сума ќе добие напаѓач од светска класа. Според информациите на италијанските медиуми, висината на трансферот е само 12 милиони евра кои ќе ги добие Рома, а годишната плата за Џеко останува иста како и во Рома – 7,5 милиони евра.
Главната причина да го прифати трансферот во Јувентус е желбата на Един Џеко кариерата да ја заокружи со трофеј во Серија А, нешто кое сигурно може да му го овозможи „Старата дама“.
На негова преселба се согласила и сопругата Ана, иако италијанските медиуми изминатиов период постојано нагласуваа дека таа е пречка за овој трансфер поради фактот дека не сака да го напушти Рим.
Џеко ќе биде замената за Игуаин и ќе го добие дресот со број 9, со што Јувентус ќе формира застрашувачко напаѓачко трио Роналдо – Џеко – Дибала.