сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Силвио Берлускони има коронавирус

Силвио Берлускони има коронавирус

Според „АФП“, поранешниот претседател на Милан и бивши италијански премиер, Силвио Берлускони, денеска дозна дека е позитивен ен КОВИД-19.

„Берлускони, кој има 83 години, се тестирал за Ковид-19 и резултатите биле позитивни“, наведува „АФП“.

Во моментов тој се наоѓа во домашна изолација и работи од дома, е соопштено од неговиот кабинет.

Берлускони моментално е сопственик на ФК Монца, екипа која доби промоција во Серија Б, а планот на Берлускони е да добие промоција во Серија А.