петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Михајловиќ се опорави од коронавирусот

Михајловиќ се опорави од коронавирусот

Поранешниот српски фудбалер и тренер на италијанска Болоња – Синиша Михајловиќ, се опорави од коронавирусот, откако два теста потврдија негативен резултат, пренесува римскиот весник „Република“.

Според изданието, Михајловиќ утре продолжува со редовните активности во Кастедеболеа, техничкиот центар на фудбалерите на Болоња.

Михајловиќ беше позитивен на коронавирус по одморот на Сардинија, иако српскиот тренер немал никакви симптоми, потсетува „Република“. (МИА)