сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Данска најголем дневен број на заразени од почетокот на пандемијата

Во Данска најголем дневен број на заразени од почетокот на пандемијата

Данска вчера регистрира најголем дневен број на заразени од почетокот на пандемијата на коронавирусот – 589, соопшти Данскиот здравствен институт.

Според институтот, високите бројки се резултат на зголемениот капацитет на тестирање.

Данските медиуми наведуваат дека властите во земјата се загрижени поради бројните локални жаришта на болеста во последните неколку недели, меѓу кои е и главниот град Копенхаген.

Од почетокот на епидемијата во Данска се регистрирани околу 22.000 случаи на коронавирусот и 635 смртни случаи.