Жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа која вчера во 09.30 часот се случила на ул.„Боро Кралевски“ во Скопје.
Во несреќата учествувале „цитроен“ со скопски регистарски озанки, управуван од Г.Ј.(46) од Скопје и „форд“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.З.(44) од Скопје.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Г.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.