Атина, 11 октомври 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран рекордно висок број на дневни смртни случаи од Ковид-19, починаа 13 лица, со што бројот на смртни случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 449 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Паралелно, намален е бројот на новозаразени во споредба со изминатите денови, регистрирани се 280 нови случаи, од кои половина, односно 141 случај се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а 25 по направените тестови на влезните точки во земјата.
Останатите случаи 114 случаи се во 27 различни делови на Грција.