Потребни состојки за 6 порции:
- 50 грама путер
- 300 грама чоколадно млеко
- 300 мл слатка павлака
- 6 лажици прелив од карамела
- малку сол
Начин на подготовка:
- Растопете ги путерот и чоколадото на тивок оган, мешајќи повремено. Откако ќе се растопат додајте им ја слатката павлака и мешајте додека не се соединат.
- Во шест мали шолјички додајте по една лажица карамела. Гледајте таа да биде рамномерно распоредена по целото дно. Потоа во секоја од нив додајте ја чоколадната смеса.
- Шолјичките ставете ги да отстојат во фрижидер околу половина час. Потоа додајте им по неколку зрна сол и пак вратете ги во фрижидер да отстојат уште неколку часа додека не се стврднат. Потоа се спремни за сервирање.