понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Бојко Борисов е позитивен на Ковид-19

Бојко Борисов е позитивен на Ковид-19

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, објави дека е заразен со вирусот корона.

Тој на својот Фејсбук профил напиша:

– Иако РЗИ официјално го укина мојот карантин, јас во петокот ги одложив сите состаноци и јавни настани за наредните денови. По двата направени PCR-теста од денес сум позитивен на Ковид-19. Во принцип, имам општа слабост и лошо се чувствувам, во моментот, и по совет на лекарите, останувам на домашно лекување. Сите контакти со мене се доставени до РЗИ, напиша Борисов.