Жена е тешко повредена откако вчера во неа удрило товарно возило „Мердецес“ на локалниот пат Скопје-Илинден, во близина на Хиподром.
Од полицијата информираат дека несреќата се случила околу 8:40 часот кога товарното моторно возило „Мерцедес“ со скопски рагистерски таблици управувано од Д.Д.(33) од Велес удрил во велосипед управуван од С.Ј.(71) од Скопје.
-Во незгодата со повреди се здобила С.Ј. која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана за понатамошно лекување, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.