среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак прегазен во Центар, со тешки повреди пренесен во Клинички

Пешак прегазен во Центар, со тешки повреди пренесен во Клинички

На 03.11.2020 во 06.55 часот било пријавено дека на бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје, патничко возило „сузуки алто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(53) од с.Чифлик, скопско, удрило во пешакот А.Ш.(33) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.