Министерството за здравство вчера информираше дека во изминатото деноноќие регистрирани се само 24 оздравени пациенти од коронавирус. Ова е огромно намалување на бројот на оздравени пациенти ако се земе во предвид дека изминатиот период, статистиката на Министерството согласно новиот алгоритам, бележеше дневно трицифрен број на излекувани пациенти, некогаш и над 500 во еден ден.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје оздравените пациенти се од Скопје-9, Куманово-2, Штип-5, Битола-4, Кавадарци-1, Виница-1, Ресен-2.
Министерството вчера соопшти дека потврдени се нови 978 случаи на коронавирус од направени 2667 тестирања.
Во Скопје-392, Куманово-51, Дебар-6, Штип-18, Прилеп-29, Тетово-95, Струга-10, Велес-48, Битола-36, Охрид-31, Кавадарци-22, Гостивар-49, Гевгелија-14, Струмица-21, Крива Паланка-8, Радовиш-6, Крушево-2, Кочани-32, Пробиштип-8, Демир Хисар-6, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-9, Валандово-3, Виница-12, Делчево-12, Кратово-6, Свети Николе-8, Кичево-20, Ресен-8, Неготино-14.