среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мал пад на бројот на новозаразени во Кина, повеќето увезени

Мал пад на бројот на новозаразени во Кина, повеќето увезени

Во Кина се потврдени 22 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е намалување во споредба со претходниот ден кога имаше 33, соопшти Националната здравствена комисија.

Од вкупниот број нзаразени, само еден е од локален пренос во Шангај, додека 21 се увезени случаи.

Регистрирани се и 25 нови асимптоматски случаи, кои не влегуваат во официјалната статистика, додека претходниот ден имаше девет.

Вкупниот број на заболени лица од почетокот на епидемијата во Кина сега е 86.267, а починале 4.634 лица.