Сообраќајна несреќа во која возач е тешко повреден се случила вчера во 18.40 часот на локалниот пат с.Тремник- с.Дуброво.
Патничко моторно возило „бмв“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(47) од с.Тремник, излетало од коловозот. Б.Н е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки телсени повреди, информира МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.