вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Претседателот Мета им посака брзо закрепнување на свештените лица погодени од Ковид-19

Претседателот Мета им посака брзо закрепнување на свештените лица погодени од Ковид-19

Албанскиот претседателот Илир Мета им посака брзо закрепнување на свештените лица позитвни на Ковид-19.

На објава на Фејсбук тој меѓу другото напиша дека е горд на верската хармонија во земјата, која, како што оценува е уникатен пример и постира фотографија со лидерите на верските заедници.

-Се придружувам на молитвите на верниците и на желбата на Меѓурелигискиот совет на Албанија, за целосно и брзо закрепнување на неговото блаженство Анастас Јанулатос, монсињор Френдо, муфтиите на Тирана, Лаурен Лили и на Скадар, Мухамед Ситари, погодени од Ковид-19. Албанската нација е горда на одличната меѓурелигиска хармонија, ункатен пример за целото човештво, стои во објавата на претседателот Мета.

Поглаварот на Албанската автокефална црква, архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија, Анастас Јанулатос (91) по дијагностицирањето на опасниот врус хоспитализиран е во болницата „Евангелизмос“ во Атина.

Тиранскот бискуп и тиранско – драчки епарх, воедно и Претседател на епископската конференција на Албанија, монсињор Џорџ Ентони Френдо,префрлен е на лекување во Италија, додека скадарскиот муфтија Ситари во Турција. (МИА)