Како што јавуваат бугарските медиуми, Никола Спасов утринава на 61 година почина и тоа како последица од Ковид-19. Инаку стратегот од Бугарија, во минатото, во три наврати беше тренер на Брегалница. Тој ги предводеше штипските “сини“ од 2004 до 2006 година, потоа беше шеф на струката на Брегалница и во 2011 и во 2012 година. Последен клуб му бил Монтана, а смртта го затекна без тренерски ангажман. Спасов покрај Брегалница и Монтана беше тренер и на екипите на Черно Море, Спартак Варна,Царско Село и на уште многу други клубови.
Штипјани на Спасов ќе се сеќаваат како одличен педагог, уште подобар тренер и скромна личност кој за секого имаше само добар збор.
Извор: СПОРТМЕДИА