петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во Косово нови 14 починати и 555 новозаболени од Ковид-19

Во Косово нови 14 починати и 555 новозаболени од Ковид-19

Приштина, 2 декември 2020 (МИА) – Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.040 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 14 од заразените од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.340 тестови со методот РТ-ПЦР (146.703 вкупно досега), позитивни на коронавирусот резултирале 555 лица.

Вклучително новозаболените, бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 40.672, а болеста досега ја совладале 25.910 лица. Во текот на вчерашниот ден како излекувани се евидентирани 324 пациенти.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 13.722 активни носители на коронавирусот.