вторник, 9. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во светот над 68 милиони луѓе инфицирани со Ковид-19

Во светот над 68 милиони луѓе инфицирани со Ковид-19

Повеќе од 68 милиони луѓе во светот од почетокот на пандемијата се заразени со новиот коронавирус, покажуваат податоците на сајтот „Ворлдометерс“.

Досега се регистрирани 68.000.862 случаи на Ковид-19, а над 1,5 милиони луѓе починаа од последици на вирусот, а оздравеле повеќе од 47 милиони лица.

Во светот во моментот активни случаи има 19.362.465, од кои 106.142 се во сериозна или критична сосотјба односно 0,5 отсто.

САД и понатаму се на прво место по бројот назаразени и починати лица, со 15.370.339 случаи и 290.474 смртни случаи.

На второ место по бројот на заразени е Индија со 9.703.908 потврдени случаи, а на трето место е Бразил со 6.628.065 инфицирани лица. Во Индија од последици од новиот коронавирус починаа 140.994 луѓе, а во Бразил регистрирани се 177.388 смртни случаи.

На четврто местоо бројот на заразени е Русија со2,5 милиони случаи, а на петто место е Франција со над 2,2 милиони инфицирани луѓе.