Од сите органи, мозокот најлесно може да се оштети од нездрава исхрана, смета Лиза Москони, доцент по неврологија и радиологија на американскиот Универзитет Корнел во Њујорк.
– Храната богата со заситени животински масти го зголемува ризикот од срцеви болести и мозочни проблеми… Кога јадеме масна или слатка храна, се случуваат симптоми на летаргија, поспаност и губење на помнењето, рече таа на скорешиот Медицински форум.
Според неа, таквата храна може да доведе до губење на функционалните и структурните елементи во мозокот и да го направи поранлив на стареење и деменција.
За да го спречите несаканото влијание, д-р Москони препорачува да се јаде храна богата со антиоксиданси, како што се витамините Ц и Е, бета-каротен, омега-3 масни киселини и антиинфламаторни Б-витамини. (МИА)