сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Активни над 22.103 случаи на коронавирус, вкупно починаа 2121 пациент

Активни над 22.103 случаи на коронавирус, вкупно починаа 2121 пациент

Нови 613 случаи на коронавирус бележи вчерашната статистика на Министерството за здравство. Од направените 1937 тестирања позитивни случаи, по градови се, во Скопје-204, Куманово-35, Дебар-15, Штип-20, Прилеп-27, Тетово-29, Струга-19, Велес-24, Битола-23, Охрид-27, Кавадарци-38, Гостивар-24, Гевгелија-19, Струмица-9, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Кочани-11, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-12, Валандово-2, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-15, Кичево-11, Ресен-7, Неготино-15.

Починати се 25 лица, осум пациенти од Скопје (63, 80, 72, 72, 53, 81, 60 и 71г), двајца од Куманово (86 и 87г), еден од Прилеп (77г), двајца од Велес (68 и 61г), тројца пациенти од Битола (54, 67 и 57г), еден од Кавадарци (68г), тројца од Гостивар (60, 75 и 59г), еден од Гевгелија (71г), еден од Струмица (47г), еден од Радовиш (53г), еден од Свети Николе (75г) и еден пациент од Ресен (84г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје вчера регистрира 688 оздравени пациенти од: Скопје-251, Куманово-38, Дебар-3, Штип-39, Прилеп-45, Тетово-41, Струга-18, Велес-29, Битола-43, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-32, Гевгелија-2, Струмица-13, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-1, Демир Хисар-7, Македонски Брод-3, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-2, Свети Николе-6, Кичево-18, Ресен-7 и Неготино-9.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73638, бројката на оздравени пациенти е 49414, на починати е 2121, а бројот на активни случаи изнесува 22103.

Направените 1837 теста се преку: ИЈЗ-759, ЦЈЗ Скопје-32, Авицена-229, Биотек-158, МАНУ -158, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Систина со PCR метода -181, лабораторија Лаор –47, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-96, Инфективна клиника-1, ГАК-0, Синлаб-9, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -71, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 364.858 тестирања на Ковид -19.

Најнови вести