сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Саут Чајна Морнинг Пост“: Кинеските влсти со намера да вакцинираат 50 милиони луѓе до Лунарната нова година

„Саут Чајна Морнинг Пост“: Кинеските влсти со намера да вакцинираат 50 милиони луѓе до Лунарната нова година

Кинеските власти имаат намера да вакцинираат 50 милиони луѓе против новиот коронавирус пред почетокот на сезоната на патувања во таа држава на почетокот на 2021 година, поради Пролетниот фестивал, односно празникот што ја слави Новата година според традиционалниот кинески календар.

Ова го објави Саут Чајна Морнинг Пост, наведувајќи дека се одржал онлајн состанок на официјални лица од Центрите за контрола и превенција на болести низ цела Кина, за да се подготват за масовна вакцинација на високиприоритетни групи.

Според здравствениот експерт, кој не сакал да биде именуван, бидејќи владата не ги соопшти деталите за состанокот, Пекинг планира да дистрибуира 100 милиони дози вакцини, а се сметаат две дози по лице, произведени од кинеските компании Синофарм и Синовак.

На официјалните лица им беше кажано дека вакцинацијата со првите 50 милиони дози мора да заврши до 15 јануари, а втората до 5 февруари.

Целта на кампањата за масовна вакцинација е да се намали ризикот од ширење на вирусот за време на еднонеделниот одмор, што почнува на 11 февруари, а здравствените работници и полицијата ќе имаат предност.

Периодот на Пролетниот фестивал, односно кинеската Нова година, претставува сезона со висок ризик за ширење на заразни болести во Кина.