четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн ја заврши годината со добивка и покрај коронавирусот

Баерн ја заврши годината со добивка и покрај коронавирусот

Европскиот и германски првак Баер Минхен ја заврши сезоната 2019/20 со добивка, и покрај глобалното влијание на коронавирусот.

Германскиот фудбалски гигант соопшти дека ланската сезона остварил нето добивка од 9.8 милиони евра, оценувајќи го како „фантастичен резултат“, иако е многу помалку од заработените 52.5 милиони евра во сезоната 2018/19.

– Пандемијата на коронавирус го обремени целиот фудбал годинава, па така и Баерн. Во тој контекст, и приходот што е остварен е одлична вест“, изјави претседателот на клубот Карл – Хајнц Румениге. (МИА)