среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Од утре започнува вакцинацијата против коронавирус во Србија – еве кои лица први ќе ги примат вакцините

Од утре започнува вакцинацијата против коронавирус во Србија – еве кои лица први ќе ги примат вакцините

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека вакцинирањето со вакцината на Фајзер против коронавирус ќе започне утре.

– Овие вакцини ги набавивме билатерално, независно. Ние сме веројатно единствената земја надвор од ЕУ во овој дел на Европа што успеа да ги набави. Ќе има повеќе во февруари и март. Примероци од други вакцини беа испратени на истражување, рече Вучиќ.

Тој потенцираше дека е многу важно да започне вакцинацијата со цел да се заштитат што е можно повеќе луѓе.

– Утре ќе започне во домовите за стари лица, бидејќи е важно да се заштитат овие луѓе. Кога ќе ги погледнете сите бројки и проценти, има помлади луѓе кои долго чекале, особено мажи, но убедливо најголем број се оние над 80 години кои настрадаа. Тие се најзагрозени и затоа треба да започнеме со нив, рече Вучиќ.

Тој рече дека ќе се вакцинира и некој од врвот на државата, како сигнал дека вакцината е неопходна и добра.