петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Се огласи мајката на детето кое со таткото беа први спасени по земјотресот во Петриња

Се огласи мајката на детето кое со таткото беа први спасени по земјотресот во Петриња
Јутарњи лист

Јосип Ходак и неговиот 4 годишен син Леон беа први спасени по земјотресот во Петриња откако дел од зграда се урна врз нивниот автомобил.

Тие набрзо без извлечени. Таткото е во болница поради 8 скршени ребра, а детето е добро и е со мајката кај нивни роднини во Загреб, пишува Јутарњи лист.

-Моите храбри момци се во стабилна состојба. Леон помина со лесни повреди, нема скршеници. Јосип е во болница, стабилен со скршени ребра, но нема оштетувања на органи. Се надевам дека сите сте физички добро, бидејќи психички никој не може да биде. Никогаш да не се повтори, напиша мајката на малиот Леон.