Во Кина коронавирусот е пронајден во еден вид на сладолед поради што целата серија е повлечена од продажба, соопшти владата.
Компанијата Dakiaodao Food во градот Тјенчин е затворена, а вработените се тестирани на коронавирус.
Нема податоци дека некој заболел преку сладоледот. Најголем број од овој сладолед, 29.000 парчиња, не е продаден. Властите успеале да влезат во трагата на 390 продадени сладоледи во градот.
Сладоледот е направен од новозеландско млеко во прав и сурутка во прав од Украина. Кинеската влада сугерира дека вирусот е увезен преку состојките, иако експертите се сомневаат во тоа.