понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Париз: Конференција за сузбивање на финансирањето на тероризмот

Париз: Конференција за сузбивање на финансирањето на тероризмот

Околу 500 експерти од повеќе од 70 држави учествуваат на дводневната конференција „Нема пари за тероризмот“ што се одржува во Париз.

Првиот ден од Конференцијата е посветен на начините за спречување на финансирањето на Исламска држава и на Ал Каеда.

Според податоците од Канцеларијата на францускиот претседател, ИД во периодот од 2014 до 2016 година имала приходи од 2,5 милијарди долари.

Франција се залага за зајакнување на меѓународната соработка и за поголема транспарентност на финансиските трансакции, бидејќи терористичките групи користат софистицирани методи за трансфер на пари.

На вториот ден од Конференцијата ќе учествуваат министри за правда, за финансии и за внатрешни работи на западните, арапските и други држави, како и претставници на 18 меѓународни организации.